Бадијала потрошени речиси милијарди евра, бадијала ангажманот на Меси и компанија, и оваа сезона за ПСЖ ќе биде сезона за заборав. Нема пехар во ЛШ. Титулата во Лига 1 веќе не е се ни смета. Тоа најдобро го покажаа фановите на “светците“ кои место да се радуваат на пехарот тие го напуштија стадионот и ги оставија сами играчите да прославуваат.
Покрај Покетино, се чини дека е време да ги пакува куферите и Леонардо, спортскиот директор на најбогатиот клуб во светот.
Тој пак во нему својствен стил ги ја искоментира моменталната ситуација во клубот од Париз…
“Го сакам предизвикот што го носи ПСЖ. Тешко е, но јас уживам во оваа работа. Знаеме сите дека имаше и грешки во нашата работа, но убеден сум дека многу брзо ќе ја оствариме целта, блиску сме. За тоа како се оценува мојата работа сметам дека со мене е тешко во ПСЖ, но без мене ќе биде невозможно“ посочи Бразилецот.