Македонецот кој и НАБИ КОМПЛЕКС на Барса, 200 минути не можат гол да му дадат!

875

И дефинитивно Столе Димитриевски е ГОЛМАНИШТЕ. Ние ова го знаевме, а сега дефинитивно го знае и фудбалска Европа.

Синоќа во меч од Ла Лига сензација на “Камп Ноу“, сензација за која говори фудбалска Европа. “Малиот“ Рајо Валјекано со 0:1, како гостин, ја победи големата Барса. За нас тоа не би било којзнае што, но творец на таа победа на Рајо беше Столе Димитриевски. Фанастичниот Македонец кој оваа сезона дури 200 минути остана несовладан од каталонците во двата меча Ла Лига. На првиот на свој терен на 27.10.2021 Рајо победи со 1:0, а Столе му одбрани пенал на Мемфис Депај. Тој меч траеше некаде околу 90+7. минути.

Синоќа Столе одново во елемент, и тоа каков, мечот траеше дури 90+13. минути. Значи вкупно 200 минути ѕвездите на Барса не најдоа решение за Македонецот.

Едноставно Столе Македонецот и НАБИ КОМПЛЕКС на Барса.

Дури сега се виде каква грешка направи Хоан Лапорта кој не ги прифати условите на Столе во зимскиот преоден рок. Разговорите беа водени во канцелариите на “Камп Ноу“, во седиштето на Барса, и речиси се беше готово, но ете немаше потпис меѓу Барса и сигурно еден од најдобрите голмани во Ла Лига за оваа сезона.

После се она што се случи вчера сигурно е дека сите на “Камп Ноу“ жалат што не го реализираа тој трансфер, или можеби го оставија за во јуни.

ПретходноМбапе донел одлука – познато е кога ќе ја соопшти
СледноПознати се сите учесници на ЕП 2022, ракометарките ќе ги избегнат Словенија, Хрватска и Германија