МЗТ Скопје А. ја запре победничката низа на Еуро Никел

110

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. остварија победа во денешниот меч против Еуро Никел во продолжението од разигрувањето за шампионската титула. „Штрковите“ на домашен терен успеаја да слават против кавадарчани со 79:63 кои во Скопје пристигнаа со победничка серија од 7 последователни меча.

МЗТ Скопје А. во поголемиот дел од мечот имаше сигурна предност, иако Еуро Никел на моменти успеа да дојде до минимална негатива и да најави интересен завршеток на дуелот. Сепак, во последниот период домашните беа доминантни, направија огромна предност која во завршните две минути им даде отворен пат кон победата.

Мал пех во овој денешен триумф на „штрковите“ е повредата на Бојан Крстевски кој не успеа да го заврши дуелот поради проблеми со грбот.

Рикиќ со 18 поени беше најефикасен кај шампионот, додека кај гостите 13 поени останаа зад името на Калахан.

ПретходноЃорѓиев стана шампион на Словенија: АЦХ Волеј ја освои 18. титула!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 29. КОЛО: Лесно му е на Шкупи со Куевен…