Македонската ракометна женска репрезентација со шест порази во исто толку одиграни натпревари го заврши ЕХФ Купот. Избраничките на Љубомир Савевски беа совладани на вториот дуел против актуелниот и светски првак, овој пат на гости со 32-27.
И на оваа средба „црвено-жолтите“ имаа добри моменти, исто како во Скопје. Во првото полувреме дури и водеа против Норвешка, сила изгубија во вториот дел. Атракциите и убавите погодоци од страна на нашите ракометарки не беа изоставени, едно ремек-дело за почит имаше Леонида Гичевска.
Македонската репрезентативка мечот го заврши со четири погодоци од шест обиди.