Познати се сите учесници на ЕП 2022, ракометарките ќе ги избегнат Словенија, Хрватска и Германија

355

Познати се сите учесници на Европското првенство во женска конкуренција, чиј еден од трите домаќини ќе биде токму Македонија. Нашата најдобра женска репрезентација обезбеди директен пласман на континенталното натпреварување, а имињата на противниците ќе ги добие на 28 парил.

Ждрепката е закажана во 17 часот, а домаќин ќе биде главниот град на Словенија – Љубљана. Покрај овие две земји, еден дел од групната фаза ќе се игра и во Црна Гора, додека во скопје покрај групната фаза ќе се одигра и главната рунда.

Македонија се наоѓа во третиот шешир заедно со Словенија, Хрватска и Германија, противници со кои нема да се сретне во групната фаза.

Вкупно 16 учесници ќе бидат поделени во четири групи со по исто толку земји, првите три од секоја група ќе одат во следната фаза.

ШЕШИРИ ЕП 2022
1. Шешир: Норвешка, Франција, Данска, Холандија
2. Шешир: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Полска
3. Шешир: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
4. Шешир: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

ПретходноМакедонецот кој и НАБИ КОМПЛЕКС на Барса, 200 минути не можат гол да му дадат!
СледноКаква среќа: Лавот Адеми даде гол зошто на судијата му падна свирчето! (ВИДЕО)