Покетино ќе добие вистинско богатство, газдите во Доха го одбраа новиот тренер!

594

Веќе нема дилеми, Маурицио Покетино ја завршува својата одисеја на клупата на ПСЖ, успеа да ја врати титулата во домашниот шампионат, но не стори ништо во Лигата на шампиони. Иако има договор, тој ќе добие отказ.

Покетино се надеваше дека ќе седне на клупата на Јунајтед, но трката за изгуби со Тен Хагегн.

Преговорите помеѓу Аргентинецот и раководството на „светците“ за превремено раскинување на соработката почнаа, според француските медиуми, тој ќе добие околу 14 милиони евра, за последниот ден од договорот.

И не е само ова. Првите луѓе на ПСЖ веќе одлучија и за новото тренерско име. Станува збор за Антонио Конте, кој е прв фаворит, бидејќи Зинедин Зидан е далеку, неговиот сон е да ја води Франција по завршување на Мундијалот. Токму затоа Катарците го изгубија трпението.

Неофицијално Конте е подготвен да потпише двегодишен договор со ПСЖ, да донесе играчи по негова желба, со што ќе биде намалена моќта на Леонардо. Италијанецот има договор со Тотенхем уште година дена, влезе во битка за четвртото место, но е разочаран од фактот дека во составот ги нема фудбалерите кои ги сакаше, па тоа ќе биде главната причина доколку премиер-лигапт не се вратат во ЛШ.

А кога Конте сака да си оди, тешко може да се сопре, од друга страна тоа ќе биде помош за Покетино, ќе биде првиот пик за кам-бек на клупата на Тотенхем, каде мина повеќе од пет години.

ПретходноЕ.Пелистер останува без уште еден ракометар
СледноМЗТ Скопје со Војдан Стојановски против Еуро Никел