Она што беше најавено, сега е и официјално и потврдено од страна на УЕФА. Имено нашата млада репрезентација до 21.година својот квалификациски меч од групата Х за пласман на ЕВРО 2023 со Украина, ќе го игра во Молдавија, и тоа во Кишињев. Ова е поради фактот дека во Украина се води војна по агресијата на Русија, па така мечот кој е закажан за 5 јуни не можеше да се игра во некој од украинските градови.
Од друга страна јунскиот циклус го започнуваме со Ерменија, и тоа на свој терен на 2 јуни на стадионот на ФФМ со почеток од 17 часот. Тоа ќе бидат двата наши последни меча во овие квалификации.