Дека ФК Тиквеш е симболот на Кавадарци тоа е повеќе од јасно, и тоа со децении наназад. Дека некои работи во последно време одат добро во клубот, доказ се добрите резултати и победите во последно време. Сепак без разлика дали губи или победува, кавадарчани секогаш се со своите миленици, со својот тим.
Така беше и во саботата кога околу 2.500 гледачи ја преполнија главната трибина на Градскиот стадион во Кавадарци, а фудбалерите на Влатко Костов им се одолжија со супер натпревар против Борец и триумф од 5:0.
Фудбалско саботно уживање во Кавадарци, тоа се гледа од фотографиите…