Секако дека ретко кој очекуваше дека Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано ќе ја победат Барселона и тоа “Камп Ноу“.
Сепак еден момент се чини ги извади сите проблеми кои ги има во клубот, поточно во тимот.
Имено незадоволен од настапот на Френки де Јонг, стратегот Чави Ернандес го извади Холаѓанецот од игра во таа 60.минута, а овој просто “збесна“. Не можеше да поверува дека играл толку слабо за да биде заменет. Потоа следуваше шоу на излегувањето од теренот, ги фрлаше костобраните, не сакаше со никого да се поздрави, веднаш си замина во соблекувалната.