Романо ја потврди првата „бомба“ на Реал Мадрид

463

Антониот Ридигер ќе биде првото засилување на Реал Мадрид за следната сезона. Оваа информација денеска ја потврди Фабрицио Романо, кој откри дека остануваат да се договорат уште некои ситни детали, најважните веќе се дефинирани.

Ридигер ја прифати понудата на кралскиот тим, бонус и договор на четири години, тој ќе биде првото големо засилување на Карло Анчелоти.

Германецот неодамна го извести Томас Тухел дека ќе го напушти Челзи по истекот на договорот на крајот на сезоната, што ќе биде голем удар за премиер-лигашот.

ПретходноПогледнете го ремек-делото на Леонида Гичевска против Норвешка (ВИДЕО)
СледноМакедонското знаме развиорено во Бекестуа (ФОТО)