Чави по поразот од Столе: Лут сум, направив грешка!

652

Барселина беше поразена од Рајо на Столе Димитриевски со минимални 1-0 на домашен терен и се најде во незгодна ситуација во битката за места кои водат во Лигата на шампиони.

„Си го искомплициравме животот, но се уште имаме контрола“, беа првите зборови на Чави Хернандез.

На пет кола до крајот на оваа сезона, каталонскиот гигант е на второто место на со 63 бода исто колку и Севиља, мора да остане на едно од првите четири места доколку сака да остане во игра за пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

„Бевме деветти во ноември. Не се плашиме да играме, но работите се комплицираат. Ајде да одмориме и да размислиме за Мајорка. Имаме пет финалиња до крајот на сезоната“, додаде Чави, осврнувајќи се на поразот од Реј.

„Не знам што се случи со тимот по победата во Ел Класико. Сите бевме возбудени поради таа добра серија и добрите игри што ги пруживме. Бевме возбудени поради можна борба за титулата и сега треба да се мотивираме за да можеме играме во Лигата на шампиони следната сезона. Лут сум и разочаран. Направив грешка како тренер. Особено во мотивацијата кај играчите. Мислев дека дадов се, но не направив“, изјави Чави.

ПретходноЈокиќ не се предава, покажа зошто е МВП: И претходно не отпишуваа (ВИДЕО)
СледноПогледнете го ремек-делото на Леонида Гичевска против Норвешка (ВИДЕО)