Јокиќ не се предава, покажа зошто е МВП: И претходно не отпишуваа (ВИДЕО)

953

Никола Јокиќ го повлече Денвер до првата победа во плеј-офот. Нагетси на домашен терен го совладаа Голден Стејт со 126-121 и намалија на 3-1 во пресметките со Вориорс, останува да видиме дали ќе имаат сили да приредат целосен пресврт.

Српскиот репрезентативец во триумф на Денвер постигна 37 поени, 8 скока и 6 асистенции. Зад него беше Морис со 24 поени. На другата страна Томпсон имаше 32 поени, Кари 31.

По дуелот Јокиќ имаше краток коментар.

„Тие се шампионски тим, знаевме дека мора да пружиме силен отпор за да не бидеме елиминирани, сметам дека тоа не го заслужуваме. Беше прашање на нашата гордос. Победивме одлична екипа. Ќе бориме до самиот крај, не е првпат шансите да се против нас, не отпишуваа и претходно“, изјави Јокиќ.

Грчкиот ѕвер Јанис Адетокумбо го водеше Милвоки до третата победа против Чикаго (95-119). Неговиот тим се најде на триумф до следната рунда, а најдобриот кошаркар зад своето име на оваа средба постигна 32 поени, 17 скока и 7 асистенции.

На останатите две средби, Атланта беше поразена од Мајами на домашен терен со 86-110 и се најде пред елиминација, додека пак Њу Орлеанс славеше против Феникс со 118-103 и изедначи на 2-2 во серијата.

 

ПретходноСтоле маестрален, Рајо ја совлада Барса и на „Ноу Камп“ ! (видео)
СледноЧави по поразот од Столе: Лут сум, направив грешка!