„Џокерот“ Кин му донесе победа на Јувентус над Сасуоло (видео)

112

Јувентус повторно не блескаше но ги освои бодовите. Вечерва во 34. коло на Серија А екипата на Макс Алегри одигра скромно, но на крајот имаа среќа. Сасуоло поведе со голот на Распадори во 39. минута на асистенција на Берарди.
Јуве изедначи со ефектниот гол на Дибала во 45. минута. Триумфот на Јуве го донесе Моис Кин во 88. минута. Тој влезе во игра и ја погоди мрежата на противникот за три бода на „Старата дама“. Сасуоло е на 10. позиција со 46 бодови, десет помалку од Фиорентина која се наоѓа на седмото место кое на крајот на сезоната води во Конференциската лига.
Јувентус остана четвртопласиран со 66 бода, осум повеќе од петтопласираната Рома на четири кола до крајот на првенството и девет помалку од лидерот Милан.

ПретходноШоу во Бразил: Навивач излезе на терен за да му покаже на голманот како требало да брани
СледноПрва „метла“ во плеј-офот, „исчистен“ уште еден ѕвезден тим! Ѕверска партија на Дончиќ (ВИДЕО)