Германскиот шампион Баерн Минхен не може да постигне договор со Серж Гнабри за продолжување на соработката. Фудбалерот продолжува да ги одбива предлозите за нов договор, па веќе почнува да ги нервира првите луѓе на минхенскиот гигант, пренесува „Кикер“.
Двете страни се во разговори повеќе од еден месец, но не можат да најдат компромис. Неколку пати во канцеларијата се водеа разговори меѓу управата на клубот и менаџерите на играчот, а потоа продолжија и со размена на писма.
Главниот проблем остануваат финансиските побарувања на играчот. Баерн сака да ја надомести неговата желба со флексибилност во условите, но не сака да излезе од рамката на плати и бонуси.
Актуелниот договор на 26-годишниот германски репрезентативец е до јуни 2023 година. Доколку Гнабри си замине како слободен играч следното лето, тоа ќе биде втор удар за Баерн по заминувањето на Давид Алаба.