Гвардиола: Треба да одиграме два супер натпревари за да се пласираме во финалето

246

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола го пофали противникот во полуфиналето од ЛШ и додаде дека неговиот тим ќе треба да одигра фантастично на двата меча за да се пласира во финалето. Противникот на Сити е Реал Мадрид кој игра одлично во ЛШ.

Убаво е што сме во полуфинале на Лигата на шампионите. Пријатно е да си меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Треба да одиграме два исклучителни натпревари за да стигнеме до финалето. Можеме да го направиме тоа. Го почитуваме Реал Мадрид, знаеме кои се и колку се добри. Да играме против нив е огромен тест“, изјави Гвардиола.

Ако ја споредиме историјата, немаме шанса. Историјата е на нивна страна, тоа не можеме да го промениме, но можеме да направиме нешто сега. На теренот се 11 против 11 играчи и има една топка. Играчите ги решаваат мечевите, а не тренерите. Реал многу пати играл полуфинале, ние втор пат по ред сме тука. Многу добри екипи не се тука, еден ден и ние нема да сме. Им кажав на фудбалерите да се насладуваат од моментот. Не знам кога повторно ќе бидеме во ваква позиција“, додаде Шпанецот.

Пеп потврди и дека Кајл Вокер и Џон Стоунс се под прашалник.

„Ќе видиме како ќе се чувствуваат утре и ќе донесеме решение“.

ПретходноБенфика е младински европски шампион
СледноКаков кикс: Буфон го имаше најлошиот потег во кариерата! (видео)