Дефанзивецот на Барселона, Сержињо Дест, ќе биде надвор од терените одреден период поради повреда на тетивата на десната нога, соопшти шпанскиот клуб.
Дест се повреди за време на првото полувреме на натпреварот против Рајо Ваљекано каде Каталонците загубија со 1:0. Токму тој во седмата минута погреши во голот на гостите.
Се уште не е јасно дали 21-годишниот американски репрезентативец ќе може да се врати во Барселона пред крајот на сезоната.