Каква среќа: Лавот Адеми даде гол зошто на судијата му падна свирчето! (ВИДЕО)

4270

Чудна, да не кажеме смешна ситуација на вчерашниот меч меѓу Горица и Динамо Загреб, кој заврши со гол на нашиот репрезентативец Аријан Адеми во 86.минута за победа на “модрите“. Победа која може и титула да им донесе.

Сепак на голот му претходеше неверојатна среќна случка за Адеми и неговиот тим. Имено “модрите“ беа во напад, еден гостински играч беше фаулиран и судијата сакаше да свирне фаул во корист на Динамо, но не свирна зошто му падна свирчето. Потоа веќе беше доцна, акцијата продолжи, топката дојде до Лавот Адеми, тој прво ја погоди стативата за да потоа одбиената топка ја смести во мрежата.

Ете вакви детали понекогаш можат да ја решат титулата во ХНЛ.

May be an image of 12 people, people playing sports, grass and stadium

ПретходноПознати се сите учесници на ЕП 2022, ракометарките ќе ги избегнат Словенија, Хрватска и Германија
СледноПроблеми во Барса: Чави го извади, а Де Јонг “збесна“ ! (ВИДЕО)