Мбапе донел одлука – познато е кога ќе ја соопшти

289

Килијан Мбапе и натаму ја остава во неизвеност спортската јавност околу своите идни планови. Добро е познато дека младиот француски фудбалер на крајот на оваа сезона му завршува договорот со ПСЖ.

Многумина сметаат дека ќе го облече дресот на Реал Мадрид, но во таборот на новиот француски првак веруваат дека ќе се предомисли и ќе остане во Париз. Но, ккао поминува времето шансите за тоа се многу мали.

Сепак, Мбапе е професионалец и до крајот ќе го испочитува својот тим, а шпанска „Марка“ објави дека на челниците на клубот им соопштил дека одлуката ќе ја донесе после 21 мај, кога завршува сезона.

ПретходноМЗТ Скопје со Војдан Стојановски против Еуро Никел
СледноМакедонецот кој и НАБИ КОМПЛЕКС на Барса, 200 минути не можат гол да му дадат!