Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Проблеми за Анчелоти: Утре без Алаба и Каземиро на „Етихад“

Проблеми за Анчелоти: Утре без Алаба и Каземиро на „Етихад“

232

Реал Мадрид на утрешното гостување кај Манчестер Сити ќе мора да тргне без двајца свои главни играчи. Според „Марка“, Алаба и Каземиро ќе патуваат со тимот во Манчестер, но нивното учество на мечот е малку веројатно.

Лекарите и тренерот Карло Анчелоти ќе донесат одлука во последен момент.  Весникот тврди дека и двајцата не успеале да го одработат денешниот тренинг бидејќи имаат повреди. Се уште не е јасно колку се сериозни повредите, но добрата вест за Карло Анчелоти е што на располагање ќе му биде Ферлан Менди.

Алаба доби истегнување на мускулот и беше изваден во победата од 3-1 над Осасуна. Каземиро нема играно од натпреварот со Челзи во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

ПретходноСудија од Тунис „изеде ќотек“ на меч од 1/4-финалето на Купот на африкански конфедерации
СледноБаерн е во паника: Гнабри ги одбил сите понуди за продолжение на договорот