И дефитивно шампион за сезоната 2021/22 е тимот на Шкупи. Апсолутно заслужено, без ниту една дамка што се вели. Во саботата на Чаир совладана беше Ренова со 2:0, и можеше да почне славјето. Печат на тој меч повторно стави Бразилецот Куевен со уште еден одличен настап за својот тим, го постигна и вториот гол со што стави печат на победата. Па лесно им е на тренерот Седлоски и сите во Шкупи кога го имаат Куевен во тимот кој оваа пролет просто блеска. Од таборот на Шкупи во тимот на ова 29.коло се и голманот Наумовски и “бомбардерот“ Адетунџи.
Во тимот на колото се и Најдоски и Јаневски (Скопје), Бејтулаи и Дориев (Шкендија), Радиќ и Џобе (Струга ТЛ), Димоски (А. Пандев) и Лазаров (Тиквеш).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
КУЕВЕН ДА СИЛВА ИНАЧИО
Тим: Шкупи
Роден: 21.11. 1998 во Бразил
Кариера: Мирасол (БРА), Керкира (ГРЦ), Монте Азул (БРА), Шкупи