Кардиф бара отштета од 95 милиони евра од Нант поради смртта на Сала

138

Емилијано Сала пред три години го загуби животот во авионска несреќа, а ни три години подоцна двата клуба Кардиф и Нант не можат да се договорат околу отштетата.
Несреќата се случи во јануари 2019 година. Сала патувал од Нант во Кардиф за да го потпише договорот и да биде претставен како нов играч на велшкиот клуб, но не стигна до таму.
Кардиф сега бара од францускиот клуб отштета од 95 милиони евра! Како што тврди британски „Сан“ велшкиот клуб смета дека Нант е виновен за тоа што испаднаа од Премиер лигата. Тогаш се преселија во Чемпионшип затоа што имаше два бода помалку од сигурниот Брајтон.
„Кардиф верува дека испаѓањето од Премиер лигата ги чинело 95 милиони евра на сметка на ТВ правта, маркетингот, спонзорите… Поради тоа спремаат жалба до Арбитражниот суд во Швајцарија“, се наведува во текстот.
Сепак, веројатноста да ја добијат оваа пресуда е минимална, па извесно е дека ќе се води правна битка за компензација од 15 милиони фунти колку што Кардиф првично бараше на сметка на обештетување.

ПретходноИгуаин го предупреди Суарез: И јас мислев дека во САД ќе играм со цигара во устата, но…
СледноНадал го потврди настапот во Мадрид, а Федерер во родниот Базел