Колективна оставка во ФК Тетекс

2933

Предмалку на официјалната страница на ФК Тетекс беше објавено дека досегашниот прв човек на клубот, и воедно и претседател Војо Тофиловски си поднел неотповиклива оставка. Идентично како и Тофиловски, оставка поднеле и си заминуваат од ФК Тетекс, досегашниот прв тренер Славчо Георгиевски како и негоиот прв соработник Дејан Цветковски.

Од клубот велат дека во најкус можен рок состанок ќе одржи УО на ФК Тетекс и ќе се одлучи што и како понатаму со еден од најстрарите и најреномирани македонски фудбалски колективи.

 

ПретходноКиелини вели збогум на Вембли
СледноСрбија без еден од главните дефанзивци на Мундијалот во Катар (ВИДЕО)