Македонија им го урна сонот, сега аплицираа за вајлд-карта за СП 2023!

449

На 2. јули ќе биде познат изгледот на групите на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Полска и Шведска. Македонската ракометна репрезентација го задржа континуитетот на учества на големите натпреварувања, откако мина два баражи.

На последниот Кирил Лазаров и неговите момци ја совладаа Чешка на домашен терен во реванш дуелот во Скопје и заверија мундијалска виза. Токму чешкиот национален тим по неуспехот, заедно со уште неколку земји аплицираа за една од двете вајлд-карти кои ИХФ ќе ги додели.

Покрај Чешка, свои апликации испратија Словенија, која беше елиминирана од Србија, Португалија, Словачка и Австрија.

Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари.

ПретходноВидеотон повторно тргнува по Серафимов
СледноАраухо во Барса до 2026, откупна клаузула од една милијарда евра