Во четврток на 28 април во 17:00 часот ќе биде извршена ждрепката за групната фаза на Европското првенство кое ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.
ЕХФ денес ги потврди имињата на ракометарките кои ќе помагаат при извлекувањето на ждрепката, така од Македонија таа чест и припадна Андреа Седлоска.
Другите се Татјана Брновиќ од Црна Гора, Шимонета Планета од Унгарија и Ана Грос од Словенија.
На ждрепката ќе формираат четири групи со по четири селекции, а во втората рунда продолжуваат репрезентации од првото до третото место. Дуелите од втората рунда ќе се играат во Љубљана и Скопје, а завршните битки ќе бидат во главниот град на Словенија.
ШЕШИРИ ЗА ЖДРЕПКАТА:
шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска
шешир 2: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија