Одбојкарките на Јанта Волеј КВ се на чекор до одбрана на шампионската титула. Во вториот финален меч од женскиот одбојкарски плеј-оф, денеска пред своја публика, тимот од Кисела Вода славеше со 3:1 над градскиот ривал Работнички и со тоа стигна до водство од 2:0 во партии и на само една победа до шампионскиот пехар.
Во уште еден интензивен меч со возбудлив старт, шампионките имаа далеку подобар финиш каде и ја однесоа победата на мечот. Јанта Волеј КВ го освои стартниот сет и најави потврда на првата победа, но Работнички успеа да се врати во вториот да израмни на 1:1 и да внесе нова драма во мечот.
Сепак, домашните одбојкарки ги добија следните два сета и со убедливи 3:1 се изборија за голема предност пред следниот меч в петок кога може да го решат прашањето околу новиот шампион.
ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ
ВТОР НАТПРЕВАР:
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – РАБОТНИЧКИ 3:1 (25:19, 20:25, 25:19, 25:13) / (2-0)