Араухо во Барса до 2026, откупна клаузула од една милијарда евра

90

Тимот на Барселона во Роналд Араухо, ја гледа својата иднина, па токму затоа и инсиситраше да го пдоролжи актуелниот договор со дефанзивецот. Араухо официјално денеска го потпиша новиот договор кој е важечки до 2026 година, а откупната клаузула која стои во истиот е неверојатни една милијарда евра.

Секако тоа не да е невозможно да се постигне во моментов, туку е и помалку смешно, но ете, обете страни решија таа сума да стои во договорот, очигледно за да ги тргне сите заинтересирани страни за Араухо кои евентуално би сакале да го ангажираат.

Уругваецот е во Барса од 2018 година, а досега отигра шеесетина мечеви.

ПретходноМакедонија им го урна сонот, сега аплицираа за вајлд-карта за СП 2023!
СледноЃоковиќ и официјално ќе може да ја брани титулата на Вимблдон