Ван Бастен со совет до Тен Хаг за Роналдо и медиумите во Англија

613

Трикратниот освојувач на „Златната топка“, Марко ван Батсен го коментираше доаѓањето на Ерик тен Хаг на тренерското место во Манчестер Јујатед, кој оваа сезона е големо разочарување и покрај кам-бекот на Кристијано Роналдо.

Како главен виновник за ваквото издание на „црвените ѓаволи“ се посочува актуелниот тренер, , Ралф Рангник. Тој има совет го новиот стратег на Јунајтед:

„Доколку Роналдо продолжи да игра како минатата недела против Норвич и да постигнува голови, не потреба да се тргне од составот“, потенцира Ван Бастен и даде:

„Тен Хаг не може од Роналдо да бара тоа што го правеше физички како 18 годишник. Ерик ќе ти дадам еден совет: Не ги слушај медиумите кога ќе дојдеш во Јунајтед. Мора да бидеш фокусиран на работата, тренингот и грачите. Доколку го направиш тоа, сигурен сум дека можеш да го промениш клубот“.

За постетување Јунајтед пред пет дена објави дека Холанѓанецот, Тен Хаг следната сезона ќе го води тимот, потпиша договор до 2025 година.

ПретходноЃоковиќ и официјално ќе може да ја брани титулата на Вимблдон
СледноКиелини вели збогум на Вембли