Македонскиот репрезентативец и интернационал Никола Серафимов повторно е на мета на тимот на Видеотон. Спортмедиа дознава дека овој клуб, во кој со успех настапуваа и Бобан Николов и Висар Мусиу, сака да го ангажира дефанзивецот следното лето, па уште сега испрати официјална понуда до неговиот сегашен клуб, Залаегерсег. Ова не е прв обид на клубот да стигне до услугите на Серафимов, сезонава неколкупати имаше посериозни контакти на оваа тема.
Серафимов има цврст договор до 2025 година со Залаегерсег, но има одлична сезона зад себе, а и статус на репрезентативец на Македонија. Тоа секако дека не е мала работа, а ко се земат впредвид и неговите 22. години во моментов тогаш станува јасно дека Серафимов е и тоа како посакуван и баран за секој клуб.
Видеотон нема најдобра сезона, во моментов е петти на табелата, па сака да направи реконструкција на екипата, во која Серафимов ми зазел сериозно место во последната дефанзивна линија.