Гвардиола: Ако играме против нивната историја, тогаш немаме шанси!

172

Манчестер Сити вечерва (21 часот) го пречекува Реал Мадрид во првата полуфунална пресметка во Лигата на шампиони, додека на вториот меч за место во финалето ќе се сретнат Ливерпул и Виљареал.

Пред дуелот со Реал, Пеп Гвардиола одржа прес-конференција пред пресметката со Карло Анчелоти. Ова ќе биде втора пресметка во две години меѓу двата тима, од првата како победник излезе Сити и тоа во 2020 година.

„Нашиот прв меч беше многу тежок, одлучуваа детали. Реал има тим со карактер. Најмногу ми се допадна како Модриќ, Крос, Бензема, Алаба…се однесуваа кога губеа со 3-0, превземаа одговорност, не се плашат од топката.

Ако играме против историјата на Реал, немаме никакви шанси, едноставно се подобри. Ние ќе се обидеме да се бориме за она што сме сега, овие мечеви ќе бидат вистински тест. Мора заедно да патиме кога ќе не пристиснат и заедно да напаѓаме кога ќе ја имаме топката. Исто би било да играме со Баерн или Барселона, тимови кои постојано се во оваа фаза од натпреварувањето. Ние сме тука во последната деценија“, изјави Пеп.

ПретходноПозната е судбината на Меси во Париз!
СледноИско го одбра новиот тим, Шпанците изненадени од понудата!