Дончиќ се пошегува со Шекил: Лоши зборови ќе те научам подоцна (ВИДЕО)

333

Лука Дончиќ е причината поради која неговиот Далас се најде на чекор до следната рунда во плеј-офот. Словенецот беше прв стрелец во новиот триумф на Маверикс против Јута (102-77), запиша 33 поени и 13 скока.

По мечот тој во живо беше вклучен во емисијата на Шекил О’Нил, кој сака да учи по некој балкански збор. Претходно учител му беше Никола Јокиќ, а сега Дончиќ, кој пак му порача дека лоши зборови на словенечки јазик ќе го научи подоцна.

ПретходноИско го одбра новиот тим, Шпанците изненадени од понудата!
СледноУЕФА покрена истрага за наместен меч во српската Супер-лига