Игуаин го предупреди Суарез: И јас мислев дека во САД ќе играм со цигара во устата, но…

699

Напаѓачот на Интер Мајами, Гонзало Игуаин, го предупреди Луис Суарез по шпекулациите дека Уругваецот може да ја продолжи кариерата во американската МЛС. Аргентинецот објасни дека очекувал да му биде полесно во САД но реалноста е сосема друга и тоа му го пренесе на Суарез.
Кога доаѓав тука мислев дека ќе играм фудбал со цигара во устата, но не е така. Тука е многу тешко. Лигата е тешка и американската Мејџор Сокер Лига можам да ја споредам со италијанската Серија А“, објасни Игуаин.
Договорот на Луис Суарез со Атлетико истекува на крајот на сезоната и двете страни се уште не се договориле за продолжување на соработката. Игуаин играше за Реал Мадрид, потоа за Наполи, па Јувентус, кратко беше во Милан и Челзи, а во 2020 година направи трансфер во Интер Мајами.

ПретходноEмери: Ливерпул игра со насмевка и радост, тој е прв фаворит за титулата
СледноКардиф бара отштета од 95 милиони евра од Нант поради смртта на Сала