Босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ, ова лето би можел да се пресели во Интер. Според весникот „Мундо Депортиво“, 32-годишниот Пјаниќ кој моментално настапува за турскиот гигант Бешикташ како позајмен од Барселона, но на крајот од сезоната ќе се врати на „Камп Ноу“.
Сепак, Барса сака да се ослободи од Босанецот пред се поради високата плата, а една од опциите е негово враќање во Италија, но овој пат на Џузепе Меаца во Милано.
Договорот на Пјаниќ со Барселона истекува на 30 јуни 2024 година. Босанскиот ветеран има големо искуство во Серија А со настапите во Рома и Јувентус, а извршниот директор на Интер, Бепе Марота важи за негов голем фан. Босанецот може да дојде во Интер на местото на Артуро Видал, бидејќи има големи шанси чилеанскиот играч за врска да го напушти Милано ова лето.