Шпанскиот фудбалер на крајот на оваа сезона сигурно ќе го напуши Реал Мадрид. После девет години Иско донесе одлука да ја промени средината, тој од „кралскиот“ тим си заминува како слободен играч, неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а со раководството на клубот не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката.
Овој 30-годишен фудналер не се наигра во Реал и многумина сметаат дека многу порано требаше да бара замена, но тој одлучи да остане и како слободен играч да најде нов тим.
Иако во претходните сезони немаше интерес за него, сепак тој доби неколку понуди. Одби да игра во Катар, но според последните информации ќе остане во Ла Лига.
Бетис е клубот каде најверојатно ќе ја продолжи својата кариера, во него гледаат како големо засилување. Планот на раководството на клубот е да направи добар тим кој ќе направи голем исчекор во европските натпреварувања.
Она што е за изненадување е понудата од страна на Бетис, тој ќе заработи 20 милиони евра и ќе потпише двегодишен договор. Оваа е сума е изнендувачки голема, секако тука се вклучени сите бонуси, како и фактот дека доаѓа како слободен играч.
Иско потекнува од Валенсија каде не доби вистина шанса, по што замина во Малага две сезони, а во таборот на Реал дојде во 2013 година за 30 милиони евра, со овој тим освои се што можеше да се освои.
🚨 Isco will earn €20M over the next 2 seasons for Real Betis. That figure includes a signing on bonus.
(Source: @diarioas) pic.twitter.com/UgH9vbj8El
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 26, 2022