И Мбапе освои гласови на претседателските избори во Франција

75

Емануел Макрон ја победи Марин Ле Пен во трката по претседателските избори во Франција. Во пребројувањето на гласовите освен за овие два кандидати имало гласови за францускиот репрезентативец Килијан Мбапе. Во селото Таленej во областа Ду во источна Франција кое број 400 жители, при пребројувањето, од 26 неважечки ливчиња, половината биле поради тоа што стоело заокружено името на напаѓачот на ПСЖ за претседател на Франција.
Интересно е што ги извлекувавме по ред и постојано името на Мбапе. Едно, две, три… ставени во едно купче, споени едно до друго, итро смислено. Не беше напишано со пенкало, туку напишано на компјутер и испринтано па подметнато во кутиите. Во првиот круг пред две недели не наидовме на вакво нешто. Името на Мбапе тогаш го немаше на ниту еден лист. Освен тоа никој во селото не е фан на ПСЖ“, вели локалниот селоначалник Лудовик Барбароса.

ПретходноСедлоска ќе и ја одреди судбината на Македонија на ЕП
СледноЛШ: СТАРТНИ СОСТАВИ – Нема тактизирање, Пеп и Анчелоти тргнуваат офанзивно