Киелини вели збогум на Вембли

144

Џорџо Киелини и официјално ќе се откаже од играњето за репрезентацијата на Италија на пријателскиот меч против Аргентина кој е закажан да се одигра во јуни на стадионот Вембли во Лондон.

Тој досега одигра 116 мечеви за „Азурите“ и одбележа една цела декада во националниот дрес.

„Ќе се збогувам со репрезентацијата на Вембли каде го доживеав највисокото достигнување во кариерата, освојувањето на Европското првенство. Би сакал да се збогувам со добро сеќавање. Ова дефинитивно ќе биде мојот последен меч за Италија“, изјави Кјелини, кој дебитираше за Италија во 2004 година. Заедно со Андреа Пирло го дели петтото место во вечната листа на играчи кои одиграле најмногу натпревари со италијанскиот тим.

 

ПретходноВан Бастен со совет до Тен Хаг за Роналдо и медиумите во Англија
СледноКолективна оставка во ФК Тетекс