Клоп: Јувентус и Баерн можеби го потценија Виљареал, но тоа нам нема да ни се случи

116

Утрешниот полуфинален меч од Лигата на Шампионите помеѓу Ливерпул и Виљареал многумина го сметаа за лесна задача на англискиот тим. Тоа секако дека не е така, Виљареал заслужено стигна до тука и има шанси да испише историја.

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп смета дека токму тука бил проблемот на Јувентус односно Баерн, екипи кои беа елиминирани токму од Виљареал.

„Имам голема почит кон Унаи и неговиот тим, ги гледав натпреварите со Баерн и Јувентус и бев импресиониран. Унаи е тренер кој е опседнат со детали. Тој се подготвува за сите ситуации. Тие имаат различни начини да ги градат своите напади, да притискаат и да реагираат на различен начин при различен резултат. Имаат тренер од светска класа кој врши неверојатна работа.Овој натпревар е посебен, луд, неповторлив. Толку многу тренери и играчи даваат се од себе цел живот, но не можат да се доближат до полуфиналето од ЛШ. Мораме да го цениме и да уживаме. Јувентус и Баерн можеби малку го потценија Виљареал, но тоа нема да ни се случи, особено по овие четири натпревари. Тие сакаат да бидат во финалето, но тоа важи и за нас. Знам дека ќе има моменти кога ќе имаме проблем, но не треба да бидеме нервозни, бидејќи можеме да ги победиме“, изјави Клоп на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел со Виљареал. 

ПретходноСрбија без еден од главните дефанзивци на Мундијалот во Катар (ВИДЕО)
СледноЕХФ ја усвои жалбата на Марјан Начевски