Барселона не блеска на почетокот на вториот дел, одигра неколку добри меча, а по елиминацијата во четвртфиналето во Европската лига, се тргна низ удолнина.
На домашен терен каталонскиот гигант беше поразен од тимот на Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано, што пак беше вистинска сензација, но и показател дека мора да се менува во таборот на Барселона.
Во летниот преоден рок во 2003 година, Лапорта го промени целиот тим, клубот го напуштија 14 играчи, а дојдоа 11 нови засилувања меѓу кои и Роналдињо, што се покажа како полн погодок.
Каталонски спорт објави дека првиот човек на клубот подготвува слична револуција и ова лето, само шест играчи имаат сигурни места: Педри, Гави, Нико, Феран Торес, Ансу Фати и Роналд Араухо. Сите останати имаат шанса да го напуштат клубот ова лето.
И покрај најавите, јасно е дека нема сите да си заминат, целта не Лапорта е да им покаже на фудбалерите дека никој не е сигурен. Една од промените кои треба да се случи, поточно засилувањата е Левандовски, кој на големо се најавува како една од трансфер „бомбите“ ова лето.