Во извонредно ефикасно прво полувреме, Манчестер Сити има предност од 2:1 во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. Момците на Гвардиола беспрекорно го почнаа дуелот и по две грешки на „кралевите“ за десетина минути веќе имаа предност од 2:0.
Првиот гол по само две минути беше дело на Кевин де Бруин.
По него во 11. минута по грешката на Алаба, Габриел Жезус зголеми и на 2:0.
#UCL
Man City 2-0 Real Madrid | GOAL! Jesus.to never miss any goal follow @iF26s pic.twitter.com/yRPh41Be38
— All Goals. (@AllGoals_) April 26, 2022
Реал ја стабилизира играта, се врати во мечот и во 33. минута Карим Бензема покажа зоштос езонава е еден од најдобрите во европскиот фудбал.