ЛШ ПОЛУФИНАЛЕ: Гол-шоу на „Етихад“, Манчестер Сити со минимална предност патува во Мадрид (ВИДЕО)

210

Англискиот шампион Манчестер Сити обезбеди тешка победа од 4:3 на домашен терен во првото полуфинале од Лигата на шампионите против Реал (М). Во меч во кој домашните беа подобар тим и трипати имаа предност од два гола разлика, на крајот Реал успеа да дојде до минимален пораз и на домашен терен да бара шанса за место во големото финале.

Домашните почнаа со силен притисок уште од првата минута на мечот и тоа им се исплатеше. По само две минути игра, Кевин Де Бруин успеа со глава да ја погоди мрежата на Куртоа и да го донесе Сити до водство од 1:0.

Не минаа ни 10 минути, веќе беше 2:0. Габриел Жезус искористи една грешка на Алаба во шеснаесетникот на Реал и успеа да го матира Куртоа по втор пат.

Реал се врати во игра и успеа да воспостави теренска контрола, која уште во првата вистинска шанса во 33. минута им донесе гол. Бензема погоди по центаршутот на Менди и намали на 2:1, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел повторно сликата од првото полувреме. Сити притисна и многу брзо погоди за 3:1. Овој пат стрелец беше Фоден.

Реал за само две минути се врати на минус еден. Одлична финта на Винициус Жуниор, го мина Фернандињо и сам ја заврши соло-акцијата за 3:2.

Сити продолжи со притисокот. Инсистираше на напад и шансата за четврти гол дојде во 74. минута. Бернардо Силва погоди за 4:2.

Како по навика вечерва, Реал веднаш возврати. Пенал досуден за мадриѓани кој Бензема со „паненка“ го претвори во 4:3.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ (М) 4:3 »

ПретходноШкендија без шанси, Струмица поведе во финалето на плеј-офот
СледноНант немоќен без Кирил Лазаров