На 2. јули ќе биде познат изгледот на групите на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Полска и Шведска. Македонската ракометна репрезентација го задржа континуитетот на учества на големите натпреварувања, откако мина два баражи.
На последниот Кирил Лазаров и неговите момци ја совладаа Чешка на домашен терен во реванш дуелот во Скопје и заверија мундијалска виза. Токму чешкиот национален тим по неуспехот, заедно со уште неколку земји аплицираа за една од двете вајлд-карти кои ИХФ ќе ги додели.
Покрај Чешка, свои апликации испратија Словенија, која беше елиминирана од Србија, Португалија, Словачка и Австрија.
Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари.