Прва „метла“ во плеј-офот, „исчистен“ уште еден ѕвезден тим! Ѕверска партија на Дончиќ (ВИДЕО)

681

Бостон во првиот круг од плеј-офот го елиминираа Бруклин со 4-0, па така уште еден тим со ѕвезди после ЛА Лејкерси ја заврши својата сезона.

Во четвртата средба одиграна ноќеска Селтикси славеа со 112-116. На полувреме имаа предност од осум поени (50-58), додека во последната четвртина влегоа со позитива од 12 поени разлика (78-90). Нетси го добија последниот период со 34-26, недоволно за пресврт.

И на оваа средба прв виолина беше Татум со 29 поени, три скока и пет асистенции, помош имаше од Браун од 22 поени и 8 скока, додека Смарт имаше дабл-дабл 20 поени и 11 асистенција.

На другата страна, Дурент имаше 39 поени, 7 скока и 9 асистенции, но тоа не беше доволно за победа.

Далас не се предава, пред своите навивачи одигра феноменален натпревар, ја совлада Јута со 102-77 и поведе со 3-2 во плеј-оф серијата.

Прво име во редовите на победничкиот тим беше Лука Дончиќ, постигна 33 поени и 13 скока, доволно за продолжување на надежта за пласман во следната рунда. Кај Јута, Кларксон постигна 20 поени.

Торонто се разбуди славеше со 88-103 против Филаделија и намали на 3-1 во серијата.

Претходно„Џокерот“ Кин му донесе победа на Јувентус над Сасуоло (видео)
СледноПозната е судбината на Меси во Париз!