Пари Сен Жермен е отворено за преговори за продажба на Јулијан Дракслер и Тило Керер во летниот преоден рок, пренесува „Скај Германија“. Дракслер во мај минатата година потпиша нов договор до 2024 година, а ПСЖ би го пуштил без проблем доколку за него стигне убава понуда. А според „Екип“, Борусија Дортмунд е еден од четирите клубови заинтересирани за Дракслер кој одигра само 540 минути оваа сезона.
Другите два бундеслигаши се Баер Леверкузен и Херта, а за него има интерес и од шпанската Севиља.
Дефанзивецот Тило Керер има договор до 2023 година, а тој сака да игра почесто. ПСЖ би можел да го продаде за да не го изгуби без пари кога ќе му истече договорот. Неговата цена е меѓу 20 и 30 милиони евра.
Инаку тој направи трансфер од Шалке во ПСЖ во 2018 година за сума од 37 милиони евра.
FOTO>psgtalk.com