Седлоска ќе и ја одреди судбината на Македонија на ЕП

383

Во четврток на 28 април во 17:00 часот ќе биде извршена ждрепката за групната фаза на Европското првенство кое ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.

ЕХФ денес ги потврди имињата на ракометарките кои ќе помагаат при извлекувањето на ждрепката, така од Македонија таа чест и припадна Андреа Седлоска.

Другите се Татјана Брновиќ од Црна Гора, Шимонета Планета од Унгарија и Ана Грос од Словенија.

На ждрепката ќе формираат четири групи со по четири селекции, а во втората рунда продолжуваат репрезентации од првото до третото место. Дуелите од втората рунда ќе се играат во Љубљана и Скопје, а завршните битки ќе бидат во главниот град на Словенија.

Европското првенство почнува на 4. ноември и ќе трае до 20. ноември.

ШЕШИРИ ЗА ЖДРЕПКАТА:

шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска

шешир 2: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Холандија

шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија

шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија

 

ПретходноПрвенството на Украина официјално прекинато, познат е и новиот шампион
СледноИ Мбапе освои гласови на претседателските избори во Франција