Натпреварот од српската Суперлига помеѓу Радник и Нови Пазар е деклариран како „сомнителен“ од страна на УЕФА, која веднаш тргна со истрага на истиот за да утврди дали навистина истиот бил наместен, објави вчера српскиот Спортклуб. Натпреварот е одигран на 11 априла, а заврши со победа на домашната екипа од 2-0.
Радник со головите на Бабиќ и Миловановиќ дојде до победата. Резултатот дава слика дека се одиграл нормален натпревар, во вака не размислуваат и специјализираните служби за обложување на мечеви, кои се директно поврзани со УЕФА. Истите лоцирале енормно големи уплати за победа на Радник.
Веднаш следела порака до Белград дека ќе биде покрената истрага за да се утврдат околностите кои влијаеле на одигрувањето на овој натпревар, под сомнение се дел од играчите од Нови Пазар.