Одбојкарите на Струмица поведоа во финалето на плеј-офот од домашното првенство. Во финалната пресметка со Шкендија, струмичани денеска отворија со победа на домашен терен со убедливи 3:0.
Ако се знае дека оваа сезона овие два тима имаа четири меѓусебни пресметки во кои Шкендија не успеа да освои ниту еден сет, можеби и денешниот убедлив триумф не е никакво изненадување. Струмица доминираше во трите сета и најави дека ова финале може да биде решено експресно во само три меча.
Втората пресметка ќе биде на теренот во Тетово
ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ
ПРВ НАТПРЕВАР
СТРУМИЦА – ШКЕНДИЈА 3:0 (25:20, 25:18, 25:21) / (1-0)