Eмери: Ливерпул игра со насмевка и радост, тој е прв фаворит за титулата

149

Ливерпул и Виљареал во среда, 21:00 часот ќе се сретнат во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Тренерот на „Жолтата подморница“ Унаи Емери изјави дека нивото кое Ливерпул го покажа оваа сезона е „најдоброто во последните неколку години“ и потенцира дека неговиот тим мора да одигра совршено за добар резултат.
Ливерпул сега има ‘апдејтирана’ и подобрена верзија, со висок интензитет на игра, со разбудените Тијаго Алкантара, со Луис Диас, кој им носи дриблинзи по страничните позиции но и центално… Ова е најдобриот Ливерпул досега“, кажа Емери.
Емери со Севиља во 2016 година го победи Клоп во финалето на Лига Европа.
„Сега, шест години подоцна, тоа е тим кој израсна со трпение и водство на својот тренер. Тоа е Ливерпул кој игра со насмевка, радост, енергија, токму онаков каков што е тренерот кој го предводи“, додаде Емери.

Тој додаде дека во полуфиналето неговиот тим веќе не може да смета на факторот изненадување кој можеби му помогна против Јувентус или Баерн.

Ние веќе не сме изненадување, тоа се гледа во почитта со која Ливерпул зборува за нас. Ние сме тука затоа што тоа го заслужуваме и се натпреваруваме со главниот фаворит за ЛШ. Мое мислење е дека Ливерпул е прв фаворит поради одличниот момент во кој се наоѓа. Наша желба е да покажеме најдобра верзија на нашиот фудбал. Тие се подобри од нас, но имаме свои индивидуални и колективни механизми за да можеме да се натпреваруваме“, додаде Емери.

Претходно„Граѓани“ против „Кралеви“ за место во финале во ЛШ
СледноИгуаин го предупреди Суарез: И јас мислев дека во САД ќе играм со цигара во устата, но…