Анадолу Ефес на победа до пласман на Ф4 турнирот

85

Кошаркарите на Анадолу Ефес славеа на домашен терен против Олимпија Милано со резултат 77:65 во третиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот во Евролигата.

По една победа за двата тима на првите два меча во Милано, вечерва на првиот домашен меч Анадолу успеа да ја поведе серијата со 2:1 во партии и да дојде на меч до Ф4 турнирот во Белград.

Српскиот репрезентативец Мициќ беше најефикасен со 20 поени, Тибор Плејс постигна 17, а Шејн Ларкин 16 поени. Во редовите на Олимпија Милано 16 поени постигна Девон Хол, а 11 Џеријан Грант.

ПретходноУЕФА и Европол заеднички ќе „ловат“ местачи на натпревари
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Сити почна фуриозно, Бензема го враќа Реал во игра (ВИДЕО)