Баерн Минхен најде замена за Левандовски!

300

Во изминатиот период на големо се пишува дека Роберт Левандовски ќе го напушти Баерн Минхен. Како следна дестинација на полскиот напаѓач се споменува Барселона.

Кристијан Фалк, спортскиот новинар на „Билд“, кој пишува за баварскиот гигант, ја објави замената за Леванодвски.

Станува збор за 27 годишниот напаѓач на Ајакс, Себастијан Халер.

„Халер има се што Баерн бара, тој е финансиски пристапен. Можам да го засмилам тој трансфер“, откри Фалк според кого Баерн ќе плати 22 милиони евра за него. 

„Ајакс го плати 22 милиони евра. Во случај Холанѓаните да побараат повеќе пари, овој трансфер ќе биде изводлив“.

Халер оваа сезона постигна 33 гола на 39 меча, запиша и девет асистенции. Со 11 гола беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите во групната фаза. Во Ајакс дојде од Вест Хем, претходно играше за Ајнтрахт Франкфурт.

ПретходноУЕФА покрена истрага за наместен меч во српската Супер-лига
СледноЛапорта подготвува револуција во Барселона како пред 19 години