Жељко Обрадовиќ се закити со признанието кое лани му припадна на македонскиот селектор!

261

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ доби најмногу гласови во изборот за најдобар тренер во АБА-лига за оваа сезона. Во трката за ова признание тој доби 41% од гласовите на тренерите, медиумите и фановите. Зад него заврши Дејан Радоњиќ од Партизан, на третото место се најде Ненад Стефановиќ од ФМП.

Партизан регуларниот дел од сезоната го заврши на второто место зад Црвена Звезда со 22 победи и четири порази.

Претходно оваа награда ја доби актуелниот македонски селектор, Драган Бајиќ, кој го води тимот на Игокеа.

Вчера АБА-лига ја прогласи и најдобрата петорка за оваа сезона.

ПретходноСудиската комисија за спортните моменти во ПМФЛ и ВМФЛ: Арбитрите добра ја завршиле својата задача
СледноВидеотон повторно тргнува по Серафимов