Надал го потврди настапот во Мадрид, а Федерер во родниот Базел

95

Искусниот шпански тенисер Рафаел Надал објави враќање во тенисот – ќе игра на Мастерсот во Мадрид. По турнирот во Индијан Велс во март каде што беше поразен во финалето од Тејлор Фриц, Шпанецот се жалеше на болки во градите, а прегледите покажале напукнато ребро. Почна со тренинзи пред десет дена и потврди дека ќе игра на турнирот во својот Мадрид кој почнува на 1 мај.
Иако доаѓам од подготовки и во тежок момент, сепак, сакам да играм во својот град. Ќе дадам се од себе“, порача Надал.
А швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер потврди дека ќе игра на турнирот во својот роден град Базел во октомври. Десеткратниот освојувач на турнирот, поранешен број 1 нема одиграно натпревар од јули 2021 година поради повреда на коленото.
Тој рече дека нема шанси да заигра на Вимблдон. Пополека заздравува, почнува да тренира и кам-бек на тенисот ќе го направи токму на турнирот во Базел, Швајцарија во октомври.

ПретходноКардиф бара отштета од 95 милиони евра од Нант поради смртта на Сала
СледноПрвенството на Украина официјално прекинато, познат е и новиот шампион